Нов парк во Бутел 1

89

Во населеното место Бутел 1, до ООУ „Свети Климент Охридски“ започна изградбата и уредувањето на нов парк на површина од 1.000 квадратни метри.

-Решивме голем проблем, место кое до пред извесно време беше „црна точка” и причина за многу несакани несреќи – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој објасни дека ова место ќе добие ново зеленило, нови зимзелени дрвца, нова хидрантска мрежа и нова урбана опрема.

оедно, најави дека се работи и на проширување на патот, со што ќе се реши ова тесно грло и проблемот со кој се соочуваат возачите на оваа улица.