Синот на легендарниот македонски кошаркар, Петар Наумоски, Адријан, следната сезона ќе игра во српската кошаркарска лига за тимот на Напредак од Алексинац, кој влезе во тоа натпреварување минатата сезона.

Адријан, кој е роден во Тревизо (Италија) во 2001 година, додека неговиот татко играше за Бенетон е висок 196 сантиметри, а своето сениорско деби го имаше минатата сезона во дресот на Вардар. Тој има одиграно пет натпревари за клубот во македонската лига, а сега се сели во Напредак од Алексинац. Инаку, неговиот брат, Михаил, во иднина ќе настапува за селекцијата на Италија, откако селекторот на „Азурите“ го стави на списокот за кадетската репрезентација на оваа земја.