Хрватскиот ракометен репрезентативец и поранешен играч на македонскиот шампион Вардар, Лука Циндриќ, не му остана должен ниту на поранешниот физиотарапевт во националниот тим Дамир Кајбе.

Тој по завршување на Светското првенство во Египет, изјави дека Циндриќ три години ја рекетира репрезентацијата и дека ништо нема одиграно, поточно не дал оболку колку што се очекувало од него.

На ова Лука во изјава за хрваската телевизија РТЛ изјави дека тоа воопшто не е вистина и оти без една нога би играл за репрезентацијара на Хрватска.

-Без една нога би играл за хрватска, тоа е чест и сите треба да го знаат тоа. Некои лаги не сакам ниту да ги коментирами да се спуштам на такво ниво. Секој од нас гордо го носи хрватскиот дрес, за семејството, кое секогаш е поддршка и за земјата во која живееме и сме родени, изјави Циндриќ.

Хрватска на средината од наредниот месец ќе отпатува во Монпелје, каде ќе ги одигра квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио. Противници на „коцкестите“ им се селекциите на Франција, Португалија и Тунис.