Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, е нов селектор на македонската сениорска ракометна репрезентација. Тој на ова место ќе го наследи Данило Брестовац, а оваа вест ја потврди и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

  • Имам чест и привилегија да кажам една вест што е многу важна за понатамошниот развој на македонскиот ракомет. На состанок на Управниот одбор на РФМ донесовме одлука за нов селектор на машката репрезентација да го назанчиме Кирил Лазаров. Со него се договривме да биде селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека не ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе работиме за доброто на македонскиот ракомет, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Задоволството од добиената шанса не го криеше ниту капитенот на македонската репрезентација. Тој изрази благодарност до федарецаијата што му ја дала довербата и најви дека е подготвен да се пушти во нови предизвици.

  • Сакам да му се заблагодарам на претседателот и на Управниот одбор на РФМ што ми дадоа вакава голема можност, без никакво размислување го прифатив овој голем предизвик за мене. Македонија никогаш не сум ја одбил, така е и овојпат. Пред нас е голема одговорност, работи кои треба заедно да ги направиме и се надевам на една успешна и долгорочна соработка. Што се однесува до комплетирањето на мојот стручен штаб, се уште сме во преговори со потенцијалните соработници, изјави Лазаров.

Тој се уште е активен ракометар на францускиот Нант, а самиот тој најави дека нема одлука околу неговата кариера, поточно дали по добивање на селекторската функција на крајот од сезоната ќе ја заврши својата активна кариера.

Огненеото крштевање како селекторт – тренер, Лазаров ќе го има во квалификациите за ЕП 2022 година наредниот месец, кога „црвено – жолтите“ ќе одиграат двомеч со репрезентацијата на Данска.

Кире 13 – ти домашен селектор на “црвено – жолтите“

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ќе биде тринаесетиот македонски селектор во историјата. Македонија од клупата досега ја предводеа тринаесет домашни селектори и осуммина странски стручњаци. Најголемиот успех го постигна Звонко Шундовски на ЕП во Србија во 2012 година каде „црвено – жолтите“ го осовија петтото место.

Досегашни селектори: Славе Атанасовски, Ванчо Јовановски, Ристо Трпчевски, Стевче Стефановски, Цане Крстевски, Драган Здравковски, Љубомир Савески, Стојан Петрушевски, Гино Стрезовски, Илија Темелковски, Звонко Шундовски и Данило Брестовац.

Странски селекторти на Македонија беа: Драган Нишевиќ, Зоран Живковиќ, Јосиф Петковиќ, Драган Ѓукиќ, Веселин Вујовиќ, Ивица Обрван, Лино Червар и Раул Гонзалез.