Бундеслигашот Рајн Некар Левен, мора да си најде нов тренер откако Мартин Швалб одлучи да се врати во Хамбург. „Лавовите“ продолжуваат да го барат својот нов тренер по заминувањето и на Николај Јакобсен, кој го напушти клубот во 2019 година. Кристијан Андерсон, пак брзо ги истроши своите кредитие, а коронакризата и се што се случуваше околу неа не дозволи простор да се извлече сериозен заклучок кога во прашање е работата на Мартин Швалб.

Меѓутоа, норвешките медиуми веќе почнаа со шпекулации за тоа кој бо можел да боде новиот тренер на тимот од Манхајм. Тие ја пренесоа изјавата на норвешкиот селектор Кристијан Берге, кој призна дека е во контакт со „лавовите“, но и дека се уште е долг патото до договор со овој тим.

Берге има договор со репрезентацијата на Норвешка до 2025 година.