НЕДОСТАТОК НА ТОСТ ЛЕБ ВО АВСТРИЈА: Празни полици, нема испорака

92

Во сегашното, четврто заклучување во Австрија, немаше навала за купување и залихи од тоалетна хартија, како во првото, но затоа има проблеми со тост лебот.

Многу Австријци деновиве се најдоа пред празни полици на кои обично стои тост леб.

Сепак, причината за недостигот не е правење залихи поради карантин, туку проблеми со испораката на пекарскиот концерн „Елц“.

„Во моментов не можеме да ги испорачаме сите наши производи во продавницата“, велат од компанијата, додавајќи дека причината е преминот кон нов логистички систем.