Бев до Сапко кога умираше

113

Бомбардерот на италијанскиот калчо гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ, даде големо интервју за „Кориере дела Сера“, а повод беше нековата нова автобиографија „Адреналин“. Популарниот Ибракадабра ги откри дека најтешко му било пред седум години кога починал неговиот брат Сапко.

  • Мојот татко многу патеше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести дека некој кој го познава бил убиен. Им помагаше на бегалците, а мене секогаш се обидуваше да ме заштити од сето тоа. Кога почина неговата сестра во Шведска не ми дозволи да присуствувам на погребот. Но кога почина мојот брат, Сапко од леукемија, бев на погребот. Спако ме очекуваше, испушти душа пред мене. Го закопавме според муслиманските обичаи. Мојот татко не пушти ниту една солза. Следниот ден отиде на неговиот гроб и плачеше од сабајле до вечер. Сам. Не верувам во Господ. Верувам во себе. Така научив омразата која е насочена кон мене да ја претворам во оружје, откри Ибра.

Шветскиот интернационалец откри и каков бил како дете.

  • Како дете бев тежок и проблематичен. Веднаш откако се родив, бабицата ме пушти од метро висина. Целиот живот ми беше тежок. Бев поинаков во школото. Другите беа со светла коса, со светли очи и имаа нормален нос. Јас бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од останатите, поинаку се движев. Родителите на останатите деца потпишаа петиција за да ме исфрлат во училиштето. Омразата секогаш ме следеше. На почетокот реагирав многу лошо. Знаев да се изолирам. Подоцна научив да патам, омразата да ја претворам во сила, додаде Ибра.

Најголемата ѕвезда на „Сан Сиро“ откри на колку години ја „изгубил невиноста“.

  • Тоа се случи кога имав 17 години. Тогаш првпат го напуштив гетото во Малме и се упатив кон центарот од градот. Тогаш ги открив Швеѓанките како што вие ги замислувате: блондинки и слободни! Во гетото девојките имаа кратка коса или пак носеа репче, откри Ибра.

Освен тој детал, Ибракадабра откри и како поминал на првиот љубовен состанок.

  • Бев многу срамежлив. На првиот состанок запишав се што треба да кажам. Ако девојката збореше за нешто друго, јас пак ќе го поставев прашањето кое претходно го напишав. Болна е таа тема, затоа што тоа го правев многу покасно во споредба со моите врсници, откри Златан кој веќе повеќе од десет години е во брак со 11-години постарата Хелен Сегер.

Репрезентативецот на Шведска беше прашан и за неговиот однос со актуелниот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ.

  • За време на еден натпревар Синиша постојано ме провоцираше. Ми збореше грди работи на српски и успеа да ме испровоцира. Сега ме вика сине. Кога се разболе од тешката болест, исто како и мојот брат, јас веднаш се спакував и се упатив кон Болоња. Миха беше лош на зелениот терен, исто како и Балак, уште еден професионален провокатор, но тоа го правеа за да донесат предонст на останатите тимски колеги, додаде Ибра.

На крајот од интервјуто, 40-годишниот напаѓач на Милан откри дека малку фалело за да го облече дресот на Наполи.

  • Марадона е мит. Гледајќи го документарниот филм за Марадона одлучив дека треба да потпишам за Наполи, да бидам исто како Диего, да имам подршка од 80.000 навивачи и заедно да дојдеме до „скудетото“. Се беше договорено, требаше да потпишам за Наполи, но истиот ден сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис го отпушти Карло Анчелоти. Бев уморен од Америка, планирав да ставам крај на мојата кариера. Тогаш ми се јави Мино Раиола и ми каже дека сум луд и дека треба да се вратам во Италија. После отказот на Анчелоти го прашав Мино за кој тим да потпишам, кој тим лошо стои на табелата. Ми кажа дека Милан загубил од Аталанта 5:0. Тогаш пресеков. Си кажав самиот себе дека ќе одам во клубот кој добро го познавам, во градот кој добро го познавам, заврши Ибракадабра.