Неверојатен инцидент во Косовска Митровица:Откриена лабораторија за дрога веднаш до оградата на судот и затворот

613

Откриена лабораторија за дрога веднаш до оградата на судот и затворот во Косово.

Лабораторијата веднаш е уништена, додека сопственикот е уапсен, наведе на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Џељаљ Свеќља, пренесува КоСсев.

Косовската полиција претходно соопшти дека во реонот на северот на Митровица е во тек акција против дрога.

Како што наведува КоСсев, акцијата била спроведена во северниот дел на Митровица, односно во објект кој се наоѓа веднаш зад зградата на Основниот суд, недалеку од притворот во овој град.