Најсилното клупско кошаркарско натпреварување, НБА-лигата, ќе продолжи на 30 јули во Орландо, во популарниот комплекс „Дизни“, а повеќето играчи веќе пристигнаа на местото, од кое нема да можат да излезат неколку месеци поради коронавирусот.

Секако, нема да им биде лесно да се навикнат на ваков начин на живот, но малкумина очекуваа дека играчите ќе имаат најголеми забелешки на сметка на храната, бидејќи секој ден објавуваат фотографии на социјалните мрежи и посочуваат дека се незадоволни.

Посебни критики се однесуваат на „количината“ на храна што ја добиваат, па Џоел Ембид, еден од најдобрите играчи во НБА, рече дека под овој режим ќе ја изгуби својата тежина многу брзо.

Некои други, како Херел или Тејтум, го критикуваат квалитетот на храната затоа што очигледно се навикнати на скапи ресторани и заради тоа добиле многу негативни критики. Навивачите ги потсетуваат дека додека тие лелекаат за прилично пристојна храна, другите луѓе умираат од глад.

Има и такви кои се задоволни, како што е Морант, која истакнува дека „тој не е роден со сребрена лажица“, или пак Бобан Марјановиќ, кој рече дека „сè е добро“ и дека „нема зошто да се жалиме“.

Инаку, Лос Анџелес Лејкерс се соочи со сериозни проблеми пред почетокот на завршницата, откако од клубот соопштија дека Раџон Рондо го скршил палецот на десната рака за време на тренинг поради што нема да им помогне на своите на мечевите во Орландо.