Следниот викенд ќе се одржи трката во Формула 1 за Големата награда на Унгарија, а тамошните власти испратија серија предупредувања до возачите и членовите на тимовите, како и закани од високи казни, па дури и затворски казни.

На Британците и на граѓаните на другите земји надвор од Европската Унија им е кажано дека целиот престој во Унгарија мора да го поминат на патеката или во хотел, а секој кој ќе биде фатен како ги крши овие правила ќе биде казнет со парична казна од 15.000 евра или казна затвор. Со самото тоа, сите оброци за време на престојот во Унгарија мора да се консумираат на патеката или во хотел, а употребата на јавен превоз и такси е строго забрането.

Овие правила, според тоа, се применуваат за британскиот пилот Луис Хамилтон, кој славеше на последната трка во Австрија, Ландо Норис, Џорџ Расел, Александер Албон, Мексиканецот Серхио Перез, Канаѓаните Ланс Строл и Николас Латифи, Австралиецот Даниел Рикардо, Русинот Данил Квиат, како и Моначанецот Шарл Леклер.

Но, раководството на Формула 1 ги советуваше сите учесници да се придржуваат кон овие препораки, без оглед на земјата од каде потекнуваат, се со цел целосно да се избегне каков било контакт со локалното население и какво било пренесување на коронавирус.

Себастијан Ветел минатата недела веќе доби предупредување на Австриското Гран-при затоа што беше виден како разговара со членовите на Ред Бул без заштитна маска и не чување социјална дистанца, а Леклер беше дома во Монако помеѓу минатонеделната трка и оваа недела.

  • Обајцата знаат дека не се во право и сигурен сум дека ќе бидат повнимателни во иднина, истакна шефот на Ферари, Матија Биното.