Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, неодамна го загуби својот татко Абдулманап, кој почина на 58-годишна возраст поради компликации со новонастанатиот коронавирус. Хабиб беше крајно приврзан кон својот татко. Тој исто така беше негов тренер, така што по смртта на Абдулманап многу руски медиуми напишаа дека популарниот „Опел“ ќе се повлече од ММА светот. По сите натписи, менаџерот Али Абделазиз ги отфрли сите обвинувања за заминувањето на Хабиб.

  • Некои руски медиуми пишуваат дека Хабиб ја завршил својата кариера. Тоа е лага. Хабиб жали за смртта на неговиот татко и сакам сите да го почитуваат тоа и да не објавуваат лажни вести, истакна Абделазиз.

Хабиб требаше повторно да влезе во октагонот во септември во борбата против Џастин Гејчи, но се чини дека борбата ќе почека малку подолго.

Инаку, уште една вест ја шокираше спортската јавност, откако трагично почина Џероу Шепард на 30 години од животот. Тој е шампион во велтер категоријата, а причината за смртта сè уште не е потврдена.