На ФМУ: Работилница за современ танц со словенечки кореограф

128

На Факултетот за музичка уметност при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (ФМУ), до 21 март гостува проф. Урша Рупник, кореограф од Словенија која ќе одржи работилница за студентите од студиската програма за балетска педагогија – современ танц од класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова од ФМУ, како и за ученици од средниот оддел – класичен балет и модерен танц од Државниот музичко-балетски училишен центар “Илија Николовски-Луј” во Скопје.

Рупник работи како кореограф со етаблирани уметници од современата танцова сцена во Словенија, но има реализирано повеќе кореографски проекти и на современата интернационална танцова сцена. Последната деценија таа е асистент на етаблираниот кореограф Џо Алегадо (САД), со кого соработува како педагог, танчар, кореограф и е дел од неговата танцова компанија во Прага.

Рупник со студентите ќе работи на синтеза на современите и модерните танцови техники, основани врз нејзиното искуство како танчар и кореограф.