На јапонската тенисерка Наоми Осака и се заканува дисквалификација од Ролан Гарос, но и од остантите грен слем турнири,  објавија организаторите на турнирот во Париз. Осака ја бојкотира обврската за појавување пред новинарите, поради што организаторите на турнирот во Париз ја казнија со 15.000 долари.

  • Наоми Осака на своите профили на социјалните мрежи објави дека нема да дава изјави за медиумите на Ролан Гарос. Организаторите на турнирот ја замолија да размисли за својата одлука и неуспешно се обидоа да разговараат со неа и да ја проверат нејзината состојба, како и да ја разбере специфичноста на проблемот за да може веднаш да биде решен. Со оглед на немањето на иницијатива од страна на Осака за решавање на проблемот, Автралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и САД Опен, заеднички и се обратија да ја проверат нејзината состојба и и понудија поддршка и дијалог за решавање на проблемите, се вели меѓу другото во соопштението.

Обврските кон медиумите се пропишани со договорт, но организаторите на турнирот наведуваат дека менталното здравје на играчите  е најголем приоритет. Токму на тоа се жалеше Осака, велејќи дека нема да учествува во активностите поврзани со новинарите со цел да го зачува своето ментално здравје. Организаторите на турнирот ја предупредија да размисли за оваа замисла.

  • И дадовме сугестија на Осака дека ако продолќи да ги игнорира медиумите за време на турниро, ќе се изложи себе си на прекршување на Кодексот на однесување и ќе претрпи последици. Ваквото прекршување на кодексот повлеку дисквалификација од турнирот, а може да биде причина и зап окренување истрага по која ќе биде суспендирана од сите грен слем турнири, се вели во соопштението од челниците на турнирот во Париз.