На невакцинираните во Франција од денес им се отежнува животот

107

Владата во Франција неодамна воведе неколку нови ограничувања, фокусирајќи се првенствено на пропусницата за вакцинација одобрена од францускиот парламент и Уставниот совет минатата недела.

На луѓето кои не се вакцинирани повеќе не им е дозволен пристап во ресторани, барови, туристички места и спортски објекти, освен ако неодамна не се опоравиле од вирусот.

Со новиот закон, кој стапи на сила денеска, се бара пропусница за вакцинација, што е централен дел од владината стратегија за борба против коронавирусот, пренесува АП.

Франција има најголем број на заразени со вирусот на дневно ниво во Европа, а болниците сè уште се полни со заболени, иако бројот на луѓе во одделенијата за интензивна нега е намален во последните денови.

Владата неодамна воведе неколку нови ограничувања, фокусирајќи се првенствено на пропусницата за вакцинација одобрена од францускиот парламент и Уставниот совет минатата недела.

Сепак, критичарите се сомневаат во ефективноста на одобрението во земја каде што 94 отсто од возрасните Французи примиле барем една доза од вакцината, а некои групи одржаа протести против новиот закон во саботата.