Изминативе неколку дена се одвиваше вистинска драма на социјалните мрежи која ја направи Тејлор Хинг, попозната како Кинеска Кити. Оваа 26-годишна музичарка го нападна сега веќе поранешното момче, НФЛ-играчот на Далас Каубојс, Тревон Дигс.

Жал ѝ е што по разделбата со Дигс и го земал часовникот вреден 150.000 долари.

  • Мојот поранешен ми го зеде часовникот затоа што не сакам да бидам со него. Каков скржавец. Фраеру, ако една девојка не сака да биде со тебе, тоа не значи дека треба да и возвратиш на лош начин поради тоа. Зошто воопшто го купи? Всушност, го плативме по половина, истакна Хинг.

Тревон Дигс неодамна ја заврши сезоната со Каубојците и 23-годишниот НФЛ-играч ќе биде на повеќемесечен одмор до почетокот на новата сезона.