На една од најмултикултурните трки на светот: Полумаратонец на 91-годишна возраст стигна до целта

47

Маратонот во Мајами, според организаторите, отсекогаш ја нагласувал потребата од вклучување како дел од својата мисија, пренесува „Мајами Хералд“ и додава дека станува збор за една од најмултикултурните трки во светот – со учесници кои се собираат на Флорида од цела Латинска Америка.

Меѓу натпреварувачите се и оние со попреченост, па според организаторите, логичен чекор бил да се оди понатаму, да се создаде нова категорија во маратонот и полумаратонот годинава, која е наменета за учесници кои не се идентификуваат како мажи или жени.