Најмалку седуммина загинати при уривање на зграда во Камбоџа

83

Седум лица загинаа, а 21 се повредени откако се урна зграда во изградба во градот Сиханоуквиле, во јужниот дел на Камбоџа.

Според локалните власти четворица кинески работници се приведени.

За време на несреќата на објектот имало 30 работници. Се уште се истражува причината за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор.

Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.