НАСА објави фотографии по падот на слетувачот на Месечината (видео)

301

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на падот на израелскиот слетувач на месечевата површина во април, а на кои се забележува „темна дамка“.


НАСА објави фотографии од местото на Месечината каде што се забележува на кое место се урнал израелскиот слетувач „Берешит“, во текот на обидот за слетување минатиот месец.
Црно-белите фотографии го прикажуваат изгледот на местото пред и по падот на леталото. На тоа место, на 11. Април неуспешно беше завршена првата мисија на организацијата Space IL поради дефект на моторот на вселенското летало.
НАСА со својот Лунарен извиднички орбитер ја снимила фотографијата од местото на падот на слетувачот на 22. април, само 90 километри над површината, а е забележана „темна дамка“ широка околу десет метри.
Таа дамка не е забележана на фотографиите од истата локација снимени минатата година.