Премиерот Заев и претседателот Пендаровски го испија официјалното кафе

154

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев попладнево ја остварија првата средба во претседателската вила на Водно, откако петтиот претседател стапи на функција.

Премиерот Заев не присуствуваше на инагурацијата на Пендаровски поради тоа што беше на одмор од 10 до 14 мај.

Од претседателскиот кабинет изјавија дека не се предвидени изјави за медиумите, туку по завршувањето на средбата ќе биде испратено соопштение.