Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, не престанува со непочитувањето на тенисот и спортот воопшто. Момчето од Канбере од време на време со своите потези ја шокира јавноста, поради што овој пат претрпе дисквалификација на мастерс турнирот во Рим.

Кирјос поради судиска опомена (честврта на мечот) го искрши својот рекет, фрли столче на теренот, а потоа ги прибра своите работи и го напушти теренот број 3 – „Форо Италика“.


Во тој момент резултатот беше 1-1 во сетови и 2:1 во гемови за Каспер Руд, па поради тоа Норвежанецот во 1/8 финалето ќе игра против Хуан Мартин дел Потро.