Наоми Осака се закити со пехарот на АО

40

Јапонската тенисерка Наоми Осака продолжува да импресионира на тениските терени откако го освои и вториот гран слем турнир во низа, по ланскиот пехар од САД опен таа славеше и во големото финале на Австралија Опен.

Јапонската тенисерка за противничка ја имаше Чехињата Петра Квитова, која ја победи по голема битка со 2-1 во сетови (7:6, 5:7, 6:4) и со оваа победа се искачи на првото место на ВТА-листата.