„Новогодишна бајка” на плоштадот во Автокоманда и забава со Боби и Биби во „К“ мол во Ѓорче Петров

193

Голем музички хепенинг „Новогодишна бајка Гази Баба 2023“ утре ќе се случува на плоштадот во Автокоманда со почеток во 18 часот.

Дечињата ќе имаат можност да го дочекаат Дедо Мраз кого на сите присутни дечиња ќе им подари новогодишно пакетче.

Од Општина Гази Баба која го организира ова предновогодишно изненадување за најмалите делат дека за забавата ќе се погрижи детскиот фестивал „Поточиња“, а незаборавно дружење со децата ќе имаат омилените улоги од цртаните филмови.

Локалната самоуправа ги повикува сите дечиња, да дојдат и заедно да пеат, да се радуваат и да другаруваат.

Општина Ѓорче Петров, исто така подготви голема предновогодишна забава за најмалите и најмилите со Биби и Боби. Таа, ќе се одржи утре во „К“ мол, во 13 часот, а дечињата ќе добијат и новогодишен подарок.