Елмас во РБ Лајпциг за 25 мил. евра!

146

Најпознатиот новинар, кога се во прашање фудбалските трансфери, Фабрицио Романо, потврди дека е постигнат договор околу трансферот на македонскиот интернационалец Елиф Елмас во редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг.

Романо откри дека раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи и на германскиот клуб постигнале договор околу обештетувањето, а репрезентативецот на Македонија претходно ги договорил личните побарувања.

Од продажбата на Елмас, популарните „азури“ ќе заработат фиксни 20 мил. евра, а договорени се и дополнителни бонуси за Наполи од 5 мил. евра.

Македонецот ќе се пресели во Германија за време на зимскиот преоден рок, а Романо додава дека задолжителниот лекарски преглед ќе биде до крајот на 2023 година.