EPA-EFE/LARS BARON

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали (58), призна дека иднината на Монц,а како домаќин на Големата награда на Италија, е неизвесна, освен ако организаторите на трката и сопствениците на патеката не направат некои значителни подобрувања.

„Храмот на брзината“ е домаќин на Формула 1 од 1950 година, а Монца го држи и рекордот по бројот на одржани трки на една патека – 72! Најуспешни возачи во историјата на оваа патека се Луис Хамилтон и Михаел Шумахер со по пет победи.

  • Преговараме за иднината на Монца, но ни треба повеќе за успешно да ги продолжиме преговорите – изјави Доменикали за РАИ.