Пожар зафати 20 станбени згради во Русија, нема информации за жртви

72

Руските пожарникари го локализираа пожарот кој зафати 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви.

„Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесува РИА.

Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри.

Федералната шумска служба објави дека можна причина за вонредната состојба е шумски пожар или мал пожар предизвикан од човечки фактор.

До брзо ширење на пожарот доведе и силниот ветер со налети од околу 28 метри во секунда.