Тридневен караван со Дедо Мраз, многу забава и секако пакетчиња

89

Општина Кисела Вода подготви голема предновогодишна и уникатна забава. Станува збор за тридневен новогодишен караван со Дедо Мраз кој ќе патува низ целата општина. Во текот на трите дена сите дечиња ќе добијат пакетчиња, а настанот ќе биде дополнет со многу музика и забава.

Новогодишниот караван започнува од среда, кога Дедо Мраз во 10 часот ќе пристигне во Паркот на бранителите во Драчево. Во четврток, повторно во 10 часот тој ќе биде пред Домот на култура ,,Билјана Беличанец” од каде ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за неверојатна двочасовна забава во паркот во Расадник.

На 29.12.2023, во 12 часот со детска претстава започнува големиот хепенинг резервиран за сите деца од Кисела Вода, но и пошироко, додека во 12.40 часот со свој концерт ќе настапат „Поточиња”. Во 13.30 часот  е заедничкиот настап на Сара Мејс и „Данса Латина Стефи”, а во 13.45 ќе настапат популарните кај младата популација, Пајак и Лара.

На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите дечиња.

-Кисела Вода повторно ќе биде центарот на Македонија во овие три дена и затоа ве поканувам сите да ја почувствуваме Новогодишната магија, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, здравје и среќа во новата што доаѓа – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.