Може трансфер во Реал (М)

85

Големиот талент од редовите на францускиот прволигаш Едуардо Камавинга, откри дека е заинтересиран за преселба во редовите на шпанскиот гигант Реал (М). Новопечениот репрезентативец на Франција игра совршено во актуелната сезона и на тој начин го привлече вниманието на раководните лица на „кралскиот клуб“. Камавинга ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 70 мил. евра.