Ревијалната борба меѓу поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија Американецот Мајк Тајсон и неговиот сонародник Рој Џонс Јуниор во Лос Анџелес, заврши без победник. Во борбата имаше многу клинч ситуации, за арбитражата на крајот да одлучи дека победник нема да има – 76:76, 76:80, 79:73.

Во петтата рунда, Џонс имаше најдобра можност да го здрма Тајсон, кога му упати четири врзани удари, но „Челичниот Мајк“, не се предаде. Во завршницата пак Тајсон покажа зашто беше најмлад светски шампион во тешка категорија и се обидеа да го нокаутира противникот. Но, не успеа затоа што тој практично бегаше од него во рингот.

-Тешко е да се прими удар од Мајк, треба да се се договорам со семејството дали сакам повторон да се борам, беше првата изјава на Џонс.

Тајсон, пак најави нова борба и истакна дека сака да оди напред.

-Некогаш две минути ми се чинеа како три. Среќан сум што повторно се вратив во рингот и апсолутно ќе продолжам да одам напред и да одработам уште неколку борби, порача легендарниот боксер.

Иако во прашање беше ревиален меч, ништо не укажуваше на тоа, бидејќи Тајсон и Џонс се однесуваа како професионалци и на таков начин го одработија овој дуел.