Милошоски: Со новата методологија, Македонија во ЕУ за 10-15 години!

86

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски проценува дека со новата методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години. Тој на Фејсбук го коментира таканаречениот нон-пејпер, кој Франција го испрати до земјите-членки на ЕУ за  процесот на проширување на земјите од Западен Балкан.

– Новата методологија за проширување на ЕУ, предложена од Франција, предвидува парцијално членство и 7 етапи при зачленувањето на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и БиХ. Зачленувањето е предвидено како строг, постепено и спор процес, но со поконкретна поддршка во текот на целиот процес, преку делумен пристап до инструментите од заедничките ЕУ-проекти, а можен би бил и пристап до помал процент од структурните фондови.

Полноправното членство останува опција и крајна цел, но со оваа методологија од почетокот на преговорите до целосното членство би биле потребни околу 10-15 години, пишува Милошоски.