Сузи се разведува од Гркот Симица ?

208

Направи голема врева во медиумите со својата свадба во Грција, па откако страстите исчезнаа, сега популарната Сузана Манчиќ по се изгледа дека се разведува од грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, кого таа нагалено го вика Симица.
Некогашната лото-девојка и ТВ-водителка, се појави неодамна во една ТВ-емисија, во која ú беше дадена тешката задача да ја повика својата најдобра пријателка, на која ú кажува дека одлучила да го напушти грчкиот банкар. – Го оставив затоа што тој не е во ред! Тој не чини. Ќе ти раскажам …“, ú рекла Сузе на пријателката што ги натерало сите во студиото да се смеат, кој знае од кои причини?
Дека во врската на Сузана и Симица постојат проблеми, призна и самата таа, која во едно интервју уште пред да се венчаат се присети на периодот кога мислела дека нејзиниот седум години постариот љубовник ú е неверен.
„Никој не ми се допаднал толку за да го измамам Симеон. Но, еднаш се посомневав дека тој мене ме мами“, искрено признала Сузи Манчиќ.