Милена е новата миленичка на јавноста – Првата дама на Црна Гора воодушеви со својата отменост, без шминка и без накит/ФОТО

1869
EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска положи заклетва во Собранието на Црна Гора во Подгорица и ја презеде должноста шеф на црногорската држава.

EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

 

За време на инаугурацијата, новиот претседател на Црна Гора постојано беше покрај сопругата Милена која ја воодушеви јавноста со својата отменост и едноставна елеганција.
Милена Милатовиќ која пред само два месеци го роди своето трето дете се појави во впечатлив светло син фустан, без накит, со косата собрана во ниска пунџа и со минимална шминка.

Ова издание на првата дама на Црна Гора беше точно, како што велат многумина – едноставно, формално и елегантно.