Мекен ќе остане во Торино

60

Најдоброто од Италија, тимот на Јувентус, сака многу побрзо од очекуваното да го откупи договорот на американскиот интернационалец Вестон Мекен. Крилниот напаѓач актуелната сезона ја одработува како позајмен играч од редовите на германскиот бундеслигаш Шалке, но „старата дама“ има право да го откупи неговиот договор до крајот на актуелната сезона. Мекен ќе остане во Торино доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 19 мил. евра.