Скопска улична урбана култура

193

Во многу земји од светот уличната уметност е прифатена како автентичен правец на градските уметници. Тие преку своите дела ги искажуваат своите ставови и го пренесуваат пулсот на градот и времето во кои живеат. Својата слобода на изразување ја пренесуваат на запуштените ѕидови и објекти, со цел да го „оживеат“ градот и да се поврзат новите генерации.

Во голем број градови, уличната урбана („street art“) култура е веќе длабоко интегрирана и во архитектонски контекст и се изразува преку „оживување“ на заборавените простори во градовите.

Така е и во Скопје.

– Да продолжиме да ја негуваме и градиме оваа урбана уметност, особено важна за Скопје и идните генерации. Да го погледнеме денес нашето Скопје низ призмата на уличната арт култура која има посебно значење за нашиот град  – велат од Град Скопје.