Мајами им дава клоца на дебелите кошаркари

107

Крилниот кошаркар на Мајами, Џејмс Џонсон (32), е привремено отстранет од составот кој во понеделникот ги започна подготовките за новата НБА сезона.

Како што се вели во соопштението на клубот, без навлегување во детали, Џонсон ќе го пропушти почетокот на тренинг кампот бидејќи не ги исполнил фитнес-критериумите на франшизата. Веднаш штом ќе завршат, тој ќе се врати во тимот.

Мајами години наназад инсистира кошаркарите да бидат во најдобра можна подготвеност, поточно од кога Пет Рајли стана претседател и прв тренер во клубот.

Правилата за кошарка во Мајами се применуваат не само во подготвителниот период, туку и во текот на целата сезона. Така, Антоан Вокер и Џејмс Посеј беа отстранети од тимот во средината на сезоната 2006/2007, во која „жешките“ ја бранеа титулата, кога беше откриено дека имаат вишок на килограми.

За Џонсон, кој е сопственик на црн појас во карате, поранешен боксер и кик-боксер во ММА, ова е трета сезона од четиригодишниот договор од 60 милиони долари со Мајами. Тој за медиумите изјави дека е целосно подготвен и здрав по проблемите со повреда, а и самиот Рајли го пофали својот играч. Сепак, последователното тестирање покажа дека нешто сè уште не е во ред.

Колку и да е мало отстапување од поставените стандарди, истото правило важи и за Џонсон, како и за сите останати.

 Светското првенство е важно за другите, не и за нас

Репрезентацијата на САД го имаше еден од најлошите пласмани на Светските првенства, откако на Мундобаскетот во Кина кој неодамна заврши, се пласираше на седмото место. Со тоа не успеа да го одбрани трофејот кој беше во нивна сопственост повеќе од една деценија.

Имено, најголемите НБА-ѕвезди го откажаа своето учество непосредно пред почетокот, па затоа селекцијата не импресионираше речиси никој. Сепак, според изјавите на големите ѕвезди, на Олимпијадата следното лето во Токио очекуваме САД да биде во полн состав. Тоа го изјави и директорот на националниот тим Џери Коланџело.

– Реалноста е таква дека Светското првенство е важен насекаде низ светот, но  таков статус нема во САД. Нашиот фокус е на Олимпијадата и сигурен сум дека очекувам различен одговор од кошаркарите кога ќе бидат поканети да настапат за националниот тим, изјави Коланџело.