Британски боксер Ентони Џошуа, ќе се обиде да си ги врати загубените шампионски појаси во тешка категорија против Мексиканецот Енди Руиз, борба која е закажана за 7 декември.

Британецот е убеден дека ќе ги врати појасите, така што веќе размислува за борби кои сака да ги одработи во иднина. Секој сака да го види на натпревари против Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури, што воедно е и негова цел.

Борбата што ја сакам? Натпревар со Фјури на преполн Вембли – убавини. Тоа би било голема пресметка, борба за Велика Британија, изјави Џошуа.

Тој исто така рече дека е убеден дека ќе се бори против него, како и шампионот на ВБЦ, Деонтај Вајлдер.

Сигурен сум дека ќе се борам со двајцата. Тоа е исто како да ме прашате дали екипи од иста лига ќе играат едни против други. Мораме да се бориме едни со други. Јас би сакал да се борам со Вајлдер, би сакал да се борам и против Фјури, но реалноста е дека сега ќе се борам против Руиз, истакна Џошуа.