Напаѓачот на Сан Хозе Шаркс, Канаѓанецот Патрик Марло, стана хокеар со најмногу настапи во НХЛ-лигата, откако во понеделникот играше на дуелот против Вегас. За 41-годишниот Марло, кој го започна дуелот за „Ајкулите“, тоа беше 1768-ми настап во НХЛ со кој го мина легендарниот Горди Хоу, кој одигра 1767 меча во својата кариера.

Марло дебитираше во НХЛ во дресот на „Ајкулите“ во октомври 1997 година. Тој играше континуирано за тимот на Сан Хозе до 2017 година, а потоа помина две години во Торонто Мејпл Лифс, за повторно да се врати во својот матичен клуб на почетокот на сезоната.

  • Благодарен сум на секој што ме поддржуваше во текот на целата моја кариера. Јас дури и не знам колку повици или пораки добив. Ќе ми треба цела недела да одговорам на сите, изјави Марло.