Македонија бара спас во јагленот, а светот отиде на соларна енергија

Во услови кога цената на струјата на светските берзи се доближи до 200 евра за мегават-час, а цената на гасот ја надмина границата од 1.200 долари за илјада метри кубни се поставува прашањето кои се причините за ваквата состојбата во која се најде Европа и Македонија. Прво е одлуката на Европската Унија да ја зголеми цената на ЦО 2 сертификатите за пренос на јаглен од 12 евра на 90 евра за тон, поради што голем дел од термоцентралите беа принудени да затворат, а втора причина која доведе до оваа криза е прекинот на доток на гас од Русија за Европа. Имено САД сакаше да ја стави Русија под контрола преку Европа, а Европа ја послуша и остана без рускиот гас.

1038

Дали енергетската криза можеше да се избегне и дали доколку Македонија реагираше порано ќе можеше да ги заштити економијата и граѓаните од енергетски и ценовен шок. Во услови кога цената на струјата на светските берзи се доближи до 200 евра за мегават-час, а цената на гасот ја надмина границата од 1.200 долари за илјада метри кубни се поставува прашањето кои се причините за ваквата состојбата во која се најде Европа и Македонија. Според експертите, главната причина за енергетската криза е избегнувањето на производство на електрична енергија од загадувачките електрани на јаглен поради европската Зелена агенда и прекинот на испораката на руски гас за Европа, што влијаеше врз зголемување на цената на гасот.

И покрај тоа што порастот на цената на струјата и гасот беа неизбежни, сепак експертите коментираат дека доколку се реагираше навреме и ако електричната енергија порано беше резервирана и платена на Берзата за енергија во Будимпешта (HUDEX), како што направија некои европски земји ќе се избегнеше кризата и енормниот пораст на цената на струјата, коментираат експертите.

-Уште на 15 јули ги предупредивме лиценцираните снабдувачи дека струјата на европските берзи расте и оти во договорите кои ги потпишуваат да имаат клаузула за да можат да ги раскинат или цената која ќе ја понудат на крајниот потрошувач да биде резервирана и платена на HUDEX берзата. Во овој случај лиценцираните компании ќе беа заштитени, односно и покрај порастат на цената на струјата на берзата тие ќе можеа да ја набавуваат струјата и немаше да има потреба да ги раскинуваат договорите со компаниите, вели за ВЕЧЕР Ѓорѓи Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Причините кои доведоа до оваа енергетска криза, според него, се одлуката на Европската Унија да ја зголеми цената на ЦО 2 сертификатите за пренос на јаглен од 12 евра на 90 евра за тон, поради што голем дел од термоцентралите беа принудени да затворат. Втора причина која доведе до оваа криза е прекинот на доток на гас од Русија за Европа. Имено САД сакаше да ја стави Русија под контрола преку Европа, а Европа ја послуша и остана без рускиот гас.

– Македонија не го сфати сериозно предупредувањето и не успеа навреме да ги заштити лиценцираните снабдувачи, компаниите и граѓаните. Другите земји навреме преземаа мерки, на пример Шпанија ја замрзна цената на берзата HUDEX и обезбеди електрична енергија по тие цени. Србија, пак која има директен гас од Русија има гасни централи за производство и стабилно снабдување со електрична енергија. И ние доколку имавме стратешка енергетска програма денеска ќе имавме сопствено производство на струја и немаше да зависиме од никого, вели Манасков.

Сепак, бизнисот се надева дека производството на струја од јаглен ќе почне од декември и компаниите ќе можат да имаат некаква предвидливост, вака се оставени на милост и немилост на берзите.

-Ние баравме да се зголеми домашното производство на струја за да имаме некаква предвидливост. Кога ќе се стават инпутите ќе знаеме која ќе биде цената на производство. Вака немаме никаква предвидливост и сме оставени на милост и немилост на берзите. По завршувањето на процесот на набавка на јаглен ќе знаеме колку ќе биде цената на струјата. Бараме предвидливи цени за да може да ги правиме плановите за производство. На крајот на годината се прават плановите за производство за наредната година, а компаниите сè уште не знаат по која цена ќе ја набавуваат струјата, вели за ВЕЧЕР Антони Пешев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

И покрај тоа што власта е сигурна дека производство на струја од јаглен ќе го реши проблемот, сепак експертите коментираат дека постои неизвесност околу  набавката на јаглен и производството на струја. Од една страна не може за толку кратко време да се произведе струја, бидејќи не е направен ремонт на блоковите на РЕК Битола, а од друга страна набавката на јаглен од Косово освен што ќе чини многу се поставува и прашањето како ќе може да се извезе. (А.С.)