Мадрид бара отказ за Бејл, Зидан молчи

110

„Го понижи Реал (М), ги понижи навивачите на тој клуб и тимските колеги. За ништо не се замара. Не заслужува да го носи дресот на Реал (М) и не смее никогаш повеќе да го облечи“, напиша новинарот на „Марка“, Рубен Мартин, откако Герет Бејл, пласманот на Велс на ЕП 2020 го прослави со големо знаме на Велс на кое беа напишани неговите животни приоритети: „Велс. Голф. Мадрид. По тој ред“.

„Мадрид Спорт“ веднаш испрати јасна порака до раководните лица на „кралскиот клуб“ од кои побара веднаш да го раскинат договорот со крилниот напаѓач затоа што неговиот потек е невкусен и никој не смее да му прости.

Навивачите на шпанскиот гигант и новинарите кои важат за блиски до Реал (М) се огорчени од потегот на Велшанецот кој веќе подолг временски период стои на излезната врата од „Сантијаго Бернабеу“. Иако во Шпанија се очекуваше шестока реакција од шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан, тоа не се случи.

Францускиот стручњак одлучи да не го коментира „случајот Бејл“ затоа што не сака да ја подели соблекувалната пред да продолжи и така турбулентната сезона за Реал (М). Зи-Зу добро знае дека долку има нов проблем во соблекувалната истиот ќе има големо влијание врз играта на неговиот тим и затоа реши да не го коментира потегот на Бејл.

Сепак, ако Зидан му прости, за да има мир во куќа, тоа нема да го направат најверните фанови кои сигурно ќе го „наградат“ Бејл со хор од свирежи и навредливи пораки веќе на првиот натпревар кој ќе биде одигран на „Сантијаго Бернабеу“.