Тркачкиот викенд во Херез, Шпанија секогаш носи спектакл, а така беше и овој пат на трките во сите категории. Секако, Мото ГП беше во центарот на вниманието, но тркачкиот ден беше одбележан со неверојатната сцена од Мото2 трката, во која за влакно беше избегната катастрофа.

Во центарот на вниманието беше Алекс Ескриг, кој не ја заврши трката бидејќи во 13. круг од трката падна од мотоциклот. Ескриг имаше очаен викенд во Херез бидејќи не успеа во квалификациите и беше само на 28. позиција на стартот, а шпанскиот возач не се истакна ниту на трката. Дваесетгодишниот возач, кој вози за Forward Team падна од својот мотоцикл во 11. круг, а потоа се случи навистина неверојатна ситуација. Тој набрзина стана и потоа го гледаше својот мотоцикл како се движи по патеката, па на сите им се замрзна крвта кога другите возачи поминуваа покрај Шпанецот и гледаа како неговиот мотоцикл е пред нив.

Само од чиста среќа никој од нив не удри во мотоциклот кој се наоѓаше на патеката, а за среќа тој се заби во ѕидот без некој од другите возачи да го удри.

На крајот, во победа во оваа категорија дојде Фермин Алдегеур кој имаше одличен викенд. Почна прв и успеа да ја задржи таа позиција до крајот и да оствари победа.

Американскиот возач Џо Робертс заврши на второто место на подиумот, додека третото место му припадна на друг шпански возач, Мануел Гонзалес.