Луфтханза го намалува бројот на летови до Скопје, од мај ќе лета со помали авиони

1123

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ ги откажува или ги намалува првично планираните летови до дестинации низ поранешна Југославија. Од компанијата информираат дека скратување на ротациите ќе има поради проблеми што се јавија во моторите на некои од авионите „ербас А320“, поради што повеќе ќе користи „ембраер Е190“.

Откако од крајот на април минатата година ја воспостави линијата Франкфурт – Скопје, од авиокомпанијата најавуваат дека веќе од мај годинава услугата на оваа релација ќе биде намалена. Превозникот ќе одржува осум до девет неделни летови на релацијата, во зависност од месецот, наместо десетте неделни ротации кои функционираат откако беше инаугурирана услугата.

Од мај летовите од Минхен до Загреб ќе се намалат на тринаесет неделни, наместо првично планираните четиринаесет неделни, додека ќе има забележително намалување на капацитетот на линијата Франкфурт, иако фреквенциите ќе останат непроменети на првичниот план на седум неделни летови.

Германскиот авиопревозник ги откажа плановите да додаде трет дневен лет меѓу Минхен и Белград. Наместо тоа, ќе продолжи да одржува два дневни лета, или четиринаесет неделни услуги, наместо првично планираните 21. Превозникот, исто така, ги откажа плановите да додаде трета дневна ротација меѓу Франкфурт и главниот град на Србија. Наместо тоа, ќе има четиринаесет до осумнаесет неделни услуги меѓу двата града претстојното лето, во зависност од месецот.