-Кога ќе се знае одговорот на тоа прашање, ќе се склопи целата слика за аферата ,,Рекет“, рече во телефонското гостување во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77, уредничката во Телма и емисијата ,,Код“, Снежана Лупевска.

-Зашто ако се следи каде се одлеале парите, еден милион евра од Орце Камчев и каде се одлеале и другите пари кои што уплаќале во невладината „Меѓународен Сојуз“ – дали во чантите на Боки или скапата облека или некој друг е крајниот консумент на тие пари односно се испорачани на друго место, за што постојат разни шпекулации, тогаш навистина ќе се знае поголемата слика за случајот „Рекет“.

Според Лупевска, целата истрага земајќи ги превид тајминзите на направените снимки, кога тие се дадени во ЈО и кога Бојан Јовановски е уапсен, се одбива многу бавно.

-Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата „Рекет“ и мислам дека некој сакал тоа фино да го заташка. Поради тоа што почна да се зборува во јавноста, заради тоа почна и да се прави истрага и да се апси Бојан Јованосвски. Имам впечаток дека некој навистина сакал тоа да го сокрие, рече Лупевска.

Таа во интрвјуто кажа и за нејзината, како што реч „прва и последна“ средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кога безмлку била избркана од нејзината канцеларија. Во СЈО отишла да се сретне со Јанева за да ја праша зошто не добива одговори на прашањата што ги доставувала согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а потребни за истражувањата на КОД.

Јанева се налутила кога Лупевска ја искритикувала велејќи и како може да гостува на емисија на телевизија и да пие вода од фирмата за која СЈО води истрага, за нејзиниот син кој што бил вработен во таа телевизија и зошто таа телевизија ги имала „ексклузивните“ права да објавува информации поврзани со работата на СЈО.

Лупевска рече и дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата „КОД“ да преминат во 1ТВ, што таа одбила.