Дома МАКЕДОНИЈА Нема крај: Според бугарски историчар и манастирот Св. Јоаким Осоговски е бугарски

Нема крај: Според бугарски историчар и манастирот Св. Јоаким Осоговски е бугарски

119

Бугарскиот историчар Пламен Павлов во интервју за бугарски Фокус њуз нет, излезе со тврдење дека манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, како и неговиот патрон, се бугарски.

Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, како и самиот негов патрон, се категоричен дел од бугарската историја и од нашето културно наследство. Во тоа не може да има никаков сомнеж, изјави за Фокус професорот по историја на Византија и на балканските земји од 4 до 15 век на универзитетот во Велико Трново.

Тој вели дека Јоаким Осоговски бил еден од тројцата следбеници на Св. Иван Рилски, „така што тој до голем степен е продолжувач на бугарската духовна традиција од времето на Првото бугарско царство“.