Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК.

Според информациите, Јункер морал да го скрати одморот во Австрија, поради медицински причини, стои во соопштението од Европската комисија.

Јункер е префрлен во Луксембург, каде итно ќе претрпи итна холецистектомија, хируршко отстранување на жолчното ќесе, соопшти Брисел.

Некогашниот премиер на Луксембург, на чело на Европската комисија се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува на крајот на октомври.