Репрезентацијата на Словенија нема да се бори за медал на Мундобаскетот откако во четврт-финалето, Канада беше подобра од неа (100:89), па денеска од 10:45 часот ќе игра против Србија.

Најдобриот играч на словенечката селекција, Лука Дончиќ, го заврши мечот со 26 поени, со слаб процент на шут и поради две технички грешки, мораше предвреме да го заврши натпреварот. Без него, Словенците не можеа да приредат големо изненадување – потфрлија за сензација, а Дончиќ не сакаше да дава изјави во микс- зоната, изнервиран од сето она што се случи. Сепак, тој се појави на конференцијата, каде што објасни дека е горд на тимот.

  • Прво, сакам да ѝ честитам на Канада, одигра одлично, пред сè физички… Го има еден од најдобрите играчи во светот и тешко е да го чуваш. Горд сум на мојот тим, бидејќи сите дадоа 100 проценти од себе. Треба да се вратиме со кренати глави. Горд сум на овој тим – изјави Дончиќ.

Еден од најважните детали на натпреварот беше неговото исклучување поради две технички работи, а тогаш беше исклучен и контроверзниот канадски кошаркар, Дилон Брукс. За ова особено зборуваше Лука на конференцијата, потенцирајќи дека го цени Брукс, иако знае дека многу луѓе не го сакаат.

  • Мислам дека сите знаат колку е фрустрирачки да се игра за националниот тим. Има многу емоции и понекогаш не можам да ги контролирам. Мислам дека не е фер што судиите нè доведоа до прекршоци. Му дозволуваа да биде груб со мене. Мислам дека не е фер тоа. Му дозволуваа да игра физички со мене и мислам дека не е фер. Многу луѓе не го сакаат, но го почитувам поради тоа што го прави – изјави најдобриот словенечки кошаркар.

Покрај мечот Србија – Канада, денеска се игра и другото полуфинале, кое го сочинуваат Германија и САД (14:40).