Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, забележа уште една брилијантна партија во НБА лигата, откако го предводеше својот тим до победа против Филаделфија (124:121) со 51 поен. Со ова тој стана само десеттиот играч во историјата на НБА кој успеал да дојде до двоцифрен број мечеви со најмалку 50 постигнати поени.

Претходно тоа им успеало на: Вилт Чембрлен (118 натпревари со 50+ поени), Мајкл Џордан (31), Коби Брајант (25), Џејмс Харден (23), Елџин Бејлор (17), Рик Бери (14), Леброн Џејмс (12), Ален Ајверсон (11) и Карим-Абдул Џабар (10).