Долго најавуваниот егзибиционен натпревар помеѓу двајцата поранешни шампиони во тешка категорија, Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор, е одложен од 12 септември за 28 ноември, пишуваат американските медиуми. Причината за ова одложување е што тимот на Тајсон очекувал поголема заработувачка ако мечот се одржи подоцна, а тимот на Џонс се согласил. Мечот ќе се одржи без публика во Калифорнија. За 54-годишниот Тајсон ова ќе биде прво влегување во рингот по повлекувањето од боксот во 2005 година, а „Челичниот“ претходно доби неколку понуди тешки милиони долари, вклучувајќи и од својот стар ривал Ивандер Холифилд. Се очекува ова да е прв од неколкуте мечеви на Тајсон.