Дефанзивниот играч на рагби тимот Минесота Викингс, Камерон Смит, ќе ја пропушти цела наредна сезона заради во НФЛ лигата потади операција на срцето.

Дваесет и шестгодишниот рагбист за проблемите со срцето созна откако беше позитвен на коронавирусот и затоа мораше да направи неколку тесотви по кои лекарите му ги соопштија лошите вести, односно дека мора да биде подложен на хирушка интервенција на отворено срце.

-Во согласност со сите протоколи ги направив испитувањата кои ми ги наложија лекарите по позитивниот тест на коронавирусот. Тогаш дознав дека имама сериозни срцеви проблеми кои се вродени и затоа ќе морам да заминам на операција на отворено срце. Можам да кажам дека чуднисе патишатата на Бог, но јас сум уверен дека се успешно ќе заврши и дека повторно ќе можам да му се вратам на спортот во блиска иднина, изјави Смит.

Смит минатата сезона воглавно играше во специјалниот тим и на пет натпревари забележа осум соборувања.