Пилотот на Ферари, Шарл Леклер победи на виртуелното Гран-при на Кина. Дваесет и двегодишниот пилот од Монако оствари втора последователна победа, откако пред две недели ја освои виртуелната трка за Големата награда на Виетнам. В

тор во виртуелниот натпревар беше пилотот на Ред Бул, Александар Албон, кој беше 2.5 секунди зад Леклер. Трет дојде професионалниот гејмер Гуану Чоу. Кинезот, кој победи на првата виртуелна трка во март, избра болид на Рено.

Вкупно над 60,000 гледачи го гледаа настанот во живо на платформата „Твич“. Во неа учествуваа вкупно 18 пилоти, од кои шестмина професионалци.