„Лајка“ доби котел за затоплување на кучињата во прифатилиштето

31

Активиститe за заштита на животни уште еднаш на дело ја покажаа својата голема хуманост. Тие донираа котел и инсталација за бездомните кучиња во ЈП „Лајка“.

Котелот веќе е поставен и ќе биде пуштен во употреба, па кучињата кои транзитираат во прифатилиштето ќе имаат топол престој оваа зима за време на нивниот хуман третман.

-Со изнаоѓање на решение за овој проблем, кучињата во ЈП „Лајка“ нема да ја почувствуваат студената зима. Неизмерно сме им благодарни на активистите како и досега за нивните заложби во нашата заедничка хумана мисија – соопштија од претпријатието.