Курс за спасители на затворени води

98

Црвениот крст на град Скопје-Центар за безбедност на вода стартува со организирање на Курс за спасители на затворени води.

Курсот ќе започне на 01.06.2020 во Скопје. Теоретскиот дел на курсот ќе се одржи во ДХО “Даре Џамбаз” а практичниот дел во Олимписки базен – Скопје.

– Заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за нивната здраствена состојба (од матичен лекар, или потврда од спортска медицина) – информираат од Црвениот крст на Град Скопје. 

Краен рок на пријавување е 31.05.2020 по електронски пат на маил  skopje.katastrofi@redcross.org.mk

Поради прогласена вонредна состојба во нашата земја, Центарот го задржува правото на промена на термин за одджување на курсот, за што навремено би биле информирани.